Нов визуелен интерфејс на Фејсбук

Само што заврши live-stream-от на Фејсбук за промоција на новиот интрфејс на мрежата. Веќе некое време се ширеа гласини дека Фејсбук подготвува покрупни промени во изгледот на news feed-от, и дека тие промени ќе се промовираат на настанот денес. 
Би сакала да дадам краток осврт на овие промени кои едвај чекам да ги тестирам.
News feed-от или појасот со новости од своето воведување во 2006 година има претрпено само минимални промени. Воведувањето на статусите во периодот кога Твитер беше во својот премин кон мејнстримот беше најкрупната промена на која бевме сведоци. Се сеќавам на отпорот што го предизвика, но и колку брзо се научивме да се навикнуваме на сите други новини. Фејсбук посвети сериозно време и ресурси во развивање на индивидуалните профили на физичките лица и на бизнисите, опциите за социјално пребарување, па сега на ред дојде и визуелизацијата на интеракциите на корисниците. 

Новиот дизајн, по мене, ги има следните карактеристики:

  • Ориентиран е кон побогато визуелно искуство кое овозможува фокусирање на содржините. Сликите се поголеми и заземаат поголем дел од екранот, а категоризацијата на содржините дава можност за порелевантно информирање.
  • Дава нови можности за огласувачите кои бараат нивната содржина рамноправно да доминира меѓу останатите вести. Всушност, новиот дизајн на интерфејсот е развиен токму во функција на огласувачите, а не кон корисникот. Лично, кога некој би ме прашал што јас како корисник би сакала да видам во нов интерфејс на Фејсбук, тоа би било мулти-фид кориснички интерфејс. Корисник сум на  TweetDeck и тој модел ми е близок и можноста за преглед на повеќе стримови на еден екран сметам дека би бил и универзално прифатлив модел за визуелизација на содржини. Но, вака корисникот нема да има можност да добива "бутната" содржина од огласувачи која би го приврекла да има интеракција со неа - особено заради краткото внимание (attention span).
  • И конечно, новиот интерфејс е универзален и унифициран за сите платформи - изгледа идентично и на лап топ / персонален компјутер и на мобилни уреди (таблети и смартфони). Она што е специфично за интерфејсот е индуктивниот начин на кој што е добиен. Имено, интерфејсот за веб е развиен според интерфејсот за мобилните уреди, што е револуционерно и е фактички иднината на оваа сфера. Верувам дека се' повеќе ќе бидеме сведоци на развивање на веб дизајнот во функција на мобилните интерфејси.
Константното иновирање на платформата е она што ја прави центрано место каде корисниците поминуваат најмногу време на Интернет, но и профитабилна како компанија. Останува да видиме како Graph Search-от ќе вилијае на комплетно преструтурирање на пазарот на Интернет пребарувањето. За ова ќе пишувам во некој нареден пост.



Ако сакате да погледнете демо од новиот дизајн и да се придружите на листата на чекање, следете го овој линк.

Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License

.