Денес за се' што ќе ми притреба наместо на Google Search, прво одам на smartphone-от и барам апликација за таа намена. И најчесто моето барање завршува тука. Бидејќи бројот на апликации во Google Play Store и App Store секој ден расте (700.000+ и во двете), станато е тешко за обичниот корисник да го најде она што го бара, а за развивачот на апликацијата да се позиционира меѓу конкуренцијата.
Имињата на апликациите заради истата причина стануваат се' покомплицирани. На пример пред некој ден се намачив да ја најдам Pixlr-o-matic (и' го бев заборавила името), па ја барав како "photo", па "photo editing", и на крај некако ми излезе.
Овој тренд секоја можна услуга која може да се најде онлајн, вклучувајќи ги и порталите да постои и во форма на мобилна апликација, нема да заврши набргу, туку напротив е само на почеток. Тоа укажува на се' поголемата важност на оптимизацијата на пребарувањето на мобилните апликации, или според новиот термин "App Store Optimization (ASO)".
ASO е уште млада дисциплина, па затоа и некои работи не се сосема јасни. Правилата на игра во моментов не се дефинирани и се жива материја. Предностите од управувањето со волкава база на апликации не се во целост исползени од главните играчи на пазарот - Android и Apple. Сето ова наскоро ќе се смени, па "експертите" за нови технологии треба внимателно да го следат овој развој.
Што е она што во моментов знаеме за ASO? На што треба развивачите да внимаваат во моментов?
Најпрво, развивачот треба внимателно да ги осмисли следните работи:
- Име на апликацијата
- Опис на апликацијата
- Клучни зборови
- CTR - Click-through-rate на пребарувањето
- Број на симнувања на апликацијата
- Број на бришења на апликацијата
- Интензитет на користење на апликацијата
- Ажурност на апликацијата (колку е стара и колку е актуелен последниот update)
- Рејтинг на апликацијата
За да се обезбеди висок резултат во горенаведените полиња, клучна алатка е онлајн ПР-от. Вметнување на можности за споделување на апликацијата или содржини од истата на социјалните медиуми, интеграција со Open Graph, таргетирање на креатори на мислењето во различни заедници се само дел од алтернативите. Веќе постојат начини за измамување на некои од резултатите преку различни ботови и сл., но со созревањето на дисциплината, како што бевме сведоци во делот на SEO, можностите за измама се минимални и други вештини се пресудни.
Понатаму, партнерството со издавачкиот тим на продавницата треба да се гради и негува. Можноста за промоција на самата продавница не е новост, но во позадина има и други методи. Релативно е лесно да се најдат членовите од издавачките тимови во секоја од продавниците (Google+, Twitter, etc.), и вреди да се обиде да се комуницира со нив со цел подобро позиционирање на пазарот.
Исто така, несомнено е дека и самиот квалитет на апликацијата е пресуден, но одредени резултати не можат да се постигнат само со ослонување на квалитет и доброволен word-of-mouth. Така што, за креирањето на успешна апликација во денешно време, потребно е големо знаење и систематичност, но и учење од минатото искуство.
0 коментари:
Post a Comment